горива бензини

Од ноќеска поевтинуваат сите горива во земјава

Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на горивата, во просек, за 2,80 отсто во однос на последната одлука од 5 август.

Најголемо намалување има кај бензинот Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чии цени ќе паднат за 3,5 денари за литар. Така, од ноќеска, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 90 денари за литар, додека Екстра лесното масло ќе чини 87,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 3 денари, при што литар Еуродизел од утре ќе чини 90 денари за литар. Малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се намалува за 2 денари и овој бензин ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,557 денари и сега ќе изнесува 52,786 денари за килограм.

Како што соопштија од РКЕВУ, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,117 отсто.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …