Никола Груевски осуден на 7 години затвор за случајот „Плацеви на Водно“

Никола Груевски осуден на 7 години затвор за случајот „Плацеви на Водно“

Основниот кривичен суд – Скопје денеска му изрече затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски во траење од 7 години за случајот „Плацеви на Водно“.

За истиот предмет, Сашо Мијалков доби една година и три месеци, а Орце Камчев една година затвор, додека Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ добија условни казни.

За предметот „Плацеви на Водно“ Обвинителството го товареше Груевски дека со пари кои биле донација за ВМРО-ДПМНЕ, прибавил 1,3 милиони евра кои потоа ги пуштал во оптек и купувал имот: плацови на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево.

 

Прочитајте повеќе

Крајот на војната во Украина ќе ја живне и македонската економија

Крајот на војната во Украина ќе ја живне и македонската економија

Мирот ќе ја подобри и европската и македонската економија, а обновата на Украина ќе отвори …