Гувернерката и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Гувернерката и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон, САД.

Предвидено е делегацијата да се сретне со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

„Се очекува дека на овие состаноци, акцентот ќе биде ставен и на монетарната политика, економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка, како и на состојбите во банкарскиот сектор кај нас“, информираат од Народна банка.

Годишните средби на ММФ и СБ се одржуваат секоја година и на нив учествуваат гувернерите на централните банки и министрите за финансии на земјите членки. Редовно, во дискусиите на средбите, акцентот е ставен на актуелните случувања во светската економија и на важни теми како што се поттикнувањето на економскиот раст, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето одржлив и инклузивен економски развој за сите целни групи во општеството.

Прочитајте повеќе

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Расте бројот на измамени граѓани кои платиле на лажни полицајци кои им понудиле „помош“ да …