Хакерски напад врз ЕМА, погодени документи за вакцините

Хакерски напад врз ЕМА, погодени документи за вакцините

Европската агенција за лекови ЕМА е жртва на хакерски напад. Хакерите се обиделе да стигнат до документи за вакцина против корона на Бионтек/Фајзер.

Фармацевтските компании Бионтек и Фајзер соопштија дека при хакерскиот напад се погодени документи поврзани со дозволата за нивната вакцина против коронавирус. Нема индиции дека се погодени податоци од пациенти, соопшти компанијата Бионтек. Според ЕМА, инцидентот нема да влија врз роковите за проверка на вакцината. „Не се повредени системи на Бионтек или Фајзер“, соопшти компанијата Фајзер. Според наводи на американскиот фармацевтски концерн, досега нема индиции дека се украдени лични податоци.

Европската агенција за лекови ЕМА претходно соопшти дека била жртва на хакерски напад. Веднаш е покрената истрага, се вели во соопштението. Агенцијата не наведува попрецизни информации за нападот, како на пример кога се случил. ЕМА е надлежна за дозвола на лекови, меѓу кои и вакцини против короната.

Niederlande l European Medicines Agency (EMA) in Amsterdam

Според најавите, ЕМА работи на дозвола за вакцината на Бионтек/Фајзер и сака таа процедура да заврши до 31 декември. Постапката за вакцината на американскиот конкурент Модерна, пак, би требало да заврши до средината на јануари. Експерти на ЕМА за таа цел во текот на изминатите месеци анализираа многу податоци од тестовите на фармацевтските компании, изјави шефицата на ЕМА, Имер Кук, на почетокот на месецов.

По соопштувањето на веста за хакерскиот напад, вредноста на акциите на Бионтек и на Фајзер на Волстрит падна за 3,5%.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …