Хелсиншки комитет: За две недели прекршени им се правата на 363 работници

Хелсиншки комитет: За две недели прекршени им се правата на 363 работници

До Хелсиншкиот комитет, во периодот од 1 до 14 април, пријавени се 56 случаи за прекршување на правата кои опфаќаат вкупно 363 работници.

За време на корона кризата, најголем дел од прекршувањата (16) се однесуваат на принудно спогодбено раскинување на договорот за вработување, со кои се засегнати 264 работници.

По 9 пријави има за отпуштања од работа и намалување или неисплатена плата.

Осум пријави се поврзани со информации за спроведувањето на мерките донесени од Владата, пто вклучуваат паричен надоместок за лицата кои останале без работа поради кризата; надоместоци за лицата кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија и ослободуање на работа на еден родител на дете до десетгодишна возраст.

Седум пријави се за прекршување на мерките на Владата, четири се за принудно користење на годишниот одмор и/или неплатено отсуство, три се други прекршувања и две пријави се однесуваат на непродолжување на договори на определено време.

Во однос на родовата распределба, правата им се прекршени на 62,5% работнички,  наспроти 37,5% работници.

Од Хелсиншкиот комитет советуват граѓаните да не се потпишуваат спогодби, односно да поднесат приговор на одлуката за отказ поради деловни причини, како и да ги користат заштитните механизми, првенствено Државниот инспекторат за труд.

Минатиот месец во периодот од 10 до 31 март, до Комитетот беа поднесени 60 пријави за прекршување на правата кои опфаќаа вкупно 1.554 работници.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

кацарска

Уставен суд: Кацарска има право да остане на функцијата

Како реакција на тоа што Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека уставната …