Ковачевски: Почит и слава кон животот и делото на Гоце Делчев, великанот на македонското национално револуционерно дело

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Димитар Ковачевски испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација во која се истакнува:

„Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, век и половина почит и слава кон животот и делото на великанот на македонското национално револуционерно дело.

Денеска, на 4 февруари на денот на раѓањето на Гоце Делчев се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици пред кои беше исправено прашањето за создавање на самостојна држава.

Гоце Делчев највисоко го издигна неговиот интернационален и космополитски поглед со мислата „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите“. Оваа негова порака до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти.

Идеалите и заложбите на Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја“.

Прочитајте повеќе

Влада

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

Според Таравари, тенденција на Курти и Рама била заедничка листа на сите партии на Албанците, …