Хуманоста бара дела, не зборови

Хуманоста бара дела, не зборови

Покрај мноштвото извикани и девалвирани претставници на политичкиот живот, во државата постојат и други, позитивни примери кои со своето работење, со својот однос и личниот придонес кон заедницата, претставуваат чиста спротивност на првите.

Она заради коешто нив, покрај другото, ги потенцираме е нивното учество во бројни хуманитарни акции, но и поединечна финансиска поддршка на институции, на различни социјални категории на граѓани, како и на граѓани погодени од еден или друг вид на елементарни непогоди.

На 28 јули ова година, во пожар кој настана од удар на гром, пеплосани беа куќите на 4 прилепски семејства. И како што обично бидува после една таква катастрофа, од многуте ветувања малку што се оствари.

Меѓу оние кои хуманоста ја покажаа не со зборови, ами со дела и со лични средства им помогнаа на четирите семејства кои останаа без покрив на главата, беа и поранешниот премиер Зоран Заев, актуелниот прилепски пратеник Миле Талевски, но и членот на Совет на општина Прилеп од редовите на СДСМ и коалицијата, Никола Мариновски.

Донираните 100.000 денари добиваат на уште поголема тежина, ако се има во предвид инсистирањето на Мариновски на донацијата да не и’ дава никаква јавност. Впрочем, фактот дека средствата се уплатени пред повеќе од 4 месеци и дека ова е нивно прво јавно обзнанување, и тоа на инсистирање на порталот ПУБЛИКУМ, е најдобра потврда на кажаното.

Хуманоста бара дела, не зборови

Наместо наравоучение и апел до советниците од сите општински Совети, барем во празничните денови да покажат емпатија и хуманост кон своите сограѓани на кои им е потребна материјална или друг вид на помош, мислата на Фјодор Михајлович Достоевски:

„Ако при секоја пријателска услуга веднаш помислуваш на благодарност, тогаш ти не си подарил, туку си продал.“

Прочитајте повеќе

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Лога: Непочитувањето на уставното име ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците …