И власта и опозицијата со тактика „скала по скала“

И власта и опозицијата со тактика „скала по скала“

На денот Д, единственото нешто што го потврдуваат извори од СДСМ е дека трае жесток внатрешен и надворешен притисок Заев да се откаже од најавената оставка на премиерската функција.

Од СДСМ не соопштуваат дали оставката од премиерската функција која Зоран Заев ја најави на 31-ви октомври ќе биде доставена денеска до Собранието или тој ќе остави опозицијата прва да повлече потег. Како што најави викендов лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, доколку денеска не биде доставена оставка од премиерот, опозцијата во 14:30 часот ќе ја почне процедурата за гласање доверба на Владата.

Додека песочниот часовник истекува, засега, единственото нешто што го потврдуваат извори од СДСМ, е дека „од први ноември до денес траел жесток внатрешен и надворешен притисок Заев да се откаже од најавената оставка на премиерската функција, со проценки дека тој е кохезивниот елемент кој можел да го одржи стабилно владиното мнозинство, во период кога земјата е пред важни предизвици“.

Истите извори не соопштуваат дали тој притисок води кон промена на најавата на премиерот дека ќе се повлече, но нагласуваат дека „сѐ ќе биде појасно во наредните денови“.

Власта ќе добие четири дена за консолидирање

Што е тоа што би можело да се случи во наредните денови, откако здружената опозиција и владејачката Беса соопштија дека заедно имаат мнозинство од 61 пратеник? Додека во СДСМ владее молк, сигнали за проактивност дојдоа од ДУИ. Централниот одбор на оваа партија вчера едногласно го овласти претседателот Али Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии (освен тие што се против евроатлантскиот курс) со цел да се задржи прогресивниот и евроатлантски пат на државата.

„Сакаме да им упатиме порака на граѓаните да бидат спокојни, затоа што, како што секогаш сме знаеле да го зачуваме овој курс на државата, така и ќе продолжиме и ќе обезбедиме сигурна иднина на граѓаните“, изјави портпаролот на партијата Бујар Османи.

По ова е јасно дека Ахмети ќе бара поддршка за владиното мнозинство од пратеници од опозициските партии за да се надомести изгубената поддршка од пратениците на владејачката Беса, која како причина за капката што ја прелеала чашата ги наведе приговорите на ДУИ до ДИК за избирачки места во општина Желино. Ако премиерот не ја достави оставката денеска, а опозициските партии ја почнат процедурата за гласање доверба на Владата, по сила на процедурата, власта ќе добие дополнително време од четири дена за консолидирање на нејзината поддршка.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …