ИДСЦС: Граѓаните сметаат дека пратениците ги застапуваат личните и интересите на партијата

ИДСЦС: Граѓаните сметаат дека пратениците ги застапуваат личните и интересите на партијата

Над две третини (72 проценти) од испитаните граѓани сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси (78 проценти), покажува теренска анкета на Институтот за демократија спроведена на 1.000 испитаници за перцепциите на граѓаните и јавноста за работата на Собранието во периодот од јуни 2018 до април 2019 година.

„Високи 62 проценти од граѓаните сметаат дека Владата има контрола врз Собранието. Само 17 проценти од граѓаните мислат дека Собранието има контрола врз Владата (како што е предвидено според Уставот), а 20 прценти од граѓаните немаат мислење по оваа прашање. Граѓаните работата на Собранието во текот на последната година ја оценија со средна оценка од 2,9 на скала од еден до пет“, се вели во Извештајот за квалитетот на дебатата во Собранието, кој се однесува на периодот од 1 јануари до 30 јуни 2019 година.

Граѓаните оцениле дека квалитетот на дебата во Собранието е на ниско ниво односно ја добива минималната потребна оценка за да се именува како дебата.

„Пратениците од мнозинството – СДСМ и ДУИ учествуваа во 40 проценти од набљудуваните дискусии, додека опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ и коалиција, Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Алијанса за Албанците, Движење БЕСА, Алтернатива и ДПА, учествуваа во 60 проценти од набљудуваните дискусии. Најактивен пратеник кој на собраниската говорница се задржал најдолго е Панчо Минов со 283 минути, а по него следуваат Трајчо Димков со 213 минути и Илија Димовски со 210 минути. Во 32 проценти од анализираните дискусии пратениците немаа аргументи, додека во 42 проценти од анализираните дискусии пратениците имаа слаба аргументација, односно говорниците понудија образложение на своите позиции кое не е доволно да се смета за еден целосен аргумент“, се вели во Извештајот.

Истражувањето било спроведено во рамките на проектот „Собранието под лупа“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …