Илиевски: Нема информации зошто „цесната“ летала над Солунска Глава

Илиевски: Нема информации зошто „цесната“ летала над Солунска Глава

Пилотот самиот го прави планот на летање и нема информации зошто летал над Солунска Глава, изјави денеска првиот човек на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Зоран Илиевски, зборувајќи за утврденото при првичниот увид на местото на несреќата на „цесната“ која завчера се урна на 5 километри северозападно од врвот, при што загина четиричлено семејство.
Илиевски го повтори тоа што го изјави за „Мета“ вчера дека увидот на местото на несреќата е завршен, но објасни дека истрагата продолжува.

Како што посочи Илиевски, направени се професионални фотографии и снимки со дрон кои што ќе треба да помогнат во понатамошната истарга. Веќе е формирана комисија со тројца претставници од Комитетот, а дополнително ќе се ангажираат и надворешни експерти, потенцира Илиевски.

– Наша прва дејност е истрагата, целта е да дојдеме до причините за несреќата. Втората дејност се препораки за превенција како да не дојде повторно до таква несреќа. Неблагодарно е да влезам со претпоставки, се додека не се анализирани сите податоци и примероци од авионот, изјави првиот човек на Комитетот.

Илиевски додаде и дека е земен примерок од горивото кој треба да се анализира во акредитирана лабораторија и се чекаат податоци за целиот историјат на леталото.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …