Најдобрата кинеска литература за деца претставена во Делчево

Најдобрата кинеска литература за деца претставена во Делчево

За прв пат во Делчево пред љубителите на пишаниот збор беше претставена најдобрата кинеска детска литература. Преку презентација на литературата творена од најдобрите кинески автори за деца, публиката се запозна со авторите, со нивните новели, раскази, басни кои се големи хитови во оваа далечна земја и кои носат порака за морални вредности, го пренесуваат светот гледан низ очите на децата и зборуваат за односите на децата меѓу себе, но и односите меѓу децата и возрасните.

 Нове Цветановски, од издавачката куќа „Македоника литера“ истакна дека оваа литература за прв пат се промовира низ земјава, а интересот кај публиката е огромен.

 Издавачката ориентација на Македоника Литера е да објавува квалитетна литература. Во Делчево доаѓаме со квалитетна литература за деца која е богата и голема и жанровски и со број на писатели. Знаеме дека Кина е најголема нација во светот со многу квалитетни писатели, многу квалитетни дела, кои за жал сосема малку се објавувани кај нас и во регионот. Со оваа едиција од десет прозни книги на читателите им го нудиме најдоброто од кинеската литература за деца, а тоа се бајки, басни, раскази или новели, истакна Цветановски.

Настанот го организираше Јавната локална библиотека „Илинден“ во соработка со Општина Делчево и издавачката куќа „Македоника Литера“, а во рамките на одбележувањата на Меѓународниот ден на детската литература.

-Денешниот настан е поврзан со Меѓународниот ден на детска литература. На настанот учествуваа ученици од воспитно-образовните установи од Делчево, професорите по македонски јазик, пред кои беше претставена најдобрата кинеската литература за деца, но и останати изданија од детската литература кои се во издание на „Макеодника литера“. Оваа можност да ја имаме овде оваа издавачка куќа ќе ја организираме и за продажна изложба на овој литературен жанр, истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска.

Едицијата од десет наслови од детската кинеска литература, но и останати изданија од „Македоника литера“ од денеска ќе се најдат и на полиците во делчевската библиотека.

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …