Илија Јованоски: Успешно извршената трансплантација на срце значи огромен исчекор за нашето здравство

Со успешно извршената трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија, прва од таков вид во нашата држава, ставен е уште еден печат на нагорниот тренд на нашето здравство.

Како човек и како лекар, сакам јавно да им искажам почит на моите колеги, на тимот од медицински работници од различните здравствени установи, за остварениот подвиг, за исклучително тешката и ризична операција чиј успешен исход за нашиот здравствен систем значи огромен исчекор напред.

Како градоначалник на Прилеп, особено сум горд што дел од медицинскиот тим кој ја изврши првата трансплантацијата на срце, беше и нашиот прилепчанец, д-р Вангел Здравески. Во мое име и во името на граѓаните на општина Прилеп, нему, на целиот медицински песонал кој учествуваше во операцијата, но и на сите здравствени работници во Република Северна Македонија предводени од неуморниот Венко Филипче, им честитам на огромниот успех.

Истовремено, сакам да упатам благодарност до семејството на починатата пациентка, кое и покрај трагедијата која ги задеси, со донирањето на органите кои спасуваат три човечки животи, покажа огромна хуманост и солидарност.

Фејсбук статус на Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …