Иновативен метод за ран предскрининг за рак на дојка BRASTER PRO за прв пат и кај нас

Иновативен метод за ран предскрининг за рак на дојка BRASTER PRO за прв пат и кај нас

Во последно време ракот на дојка стана глобален проблем. Според Светската здравствена организација, на секои 60 секунди една жена умира од оваа болест.

Затоа е многу важно борбата со ова заболување да се започне во многу рана фаза и редовниот скрининг е од посебна важност.

Македонија е една од ретките земји во Европа каде што смртноста од канцер се зголемува во последните 15 години, а ракот на дојка е меѓу најчестите причинители на смрт

Според интернационалниот истражувачки центар за канцер Глобокан, Македонија е една од ретките земји во Европа каде што смртноста од канцер се зголемува во последните 15 години, а ракот на дојка е меѓу најчестите причинители на смрт. Инциденцата на карцином на дојка е во пораст и секоја осма жена е заболена од оваа тешка болест.

Иновативен метод за ран предскрининг за рак на дојка BRASTER PRO за прв пат и кај насСпоред проценките на Светската здравствена организација се предвидува бројот на смртни случаи од ракот да се зголеми на 13.100.000 до 2030 година. На европско ниво ракот предизвикува 20% од смртните случаи, а секоја година со повеќе од 3 милиони нови случаи и 1,7 милиони смртни случаи ракот е најважната причина за смрт во Европа по кардиоваскуларните заболувања. На прво ранг место во светот во 2018 година е малигната неоплазма на дојка со стапка на инциденца од 11,7 на 100.000 жени.

Освен тоа, „во тренд“ е и подмладување на ова заболување, што значи дека возрасната граница на заболените од канцер на дојка постојано опаѓа. Во исто време дамите под 50 година возраст се поподложни на поагресивни форми на ра на дојка. При помладите жени туморото може да се удвои во рамките на 80 дена.

Погоренаведените факти посочуваат дека е неопходно иицирање на кампањи за гласност и програми за ран скрининг на заболувањето, кои ќе ја опфатат и женската популација под 50 години кои не се обфатени од стандардните мамолошки прегледи.

Еден таков метод за ран предскрининг за рак на дојка со контактна термографија е BRASTER PRO кој за прв пат од оваа година се појавува во Република С. Македонија.

Системот е разработен од полската компанија BRASTER и се заснова на проучувања правени во изминатите десетина години од страна на полски научници кои се занимаваат со развој на  контактната термографија.

Иновативен метод за ран предскрининг за рак на дојка BRASTER PRO за прв пат и кај насИновативното откритие претставува специјално разработена матрица коа во себе содржи тенок лој од течна кристална емулзија. При допир со кожата BRASTER PRO прави термални снимки  кои ја претставуваат внатрепната температура на ткивото.

Во основата на контактната термографија стои „дермотермалниот ефект“ кој е поврзан со забрзаниот метаболизам околу огништата на неопластични лезии. Тоа може да се појави на површината на градите под формата на температурни аномалии. Зголемениот број на крвни садови води до повишена температура во зоната засегната од формирањето н канцерот.

Клиничките истражувања до сега покажуваат дека BRASTER PRO може да открие тумори во рана фаза на формирање со големина до 3 милиметри.

Предноста на системот BRASTER PRO е што не користи зрачење ( каков што е случајоиот со мамографијата), прегледот е безболен за пациентот, лесно и брзо и одзема 15 минути. Методот е погоден за жени од сите возрасти без разлика на обемот и структурата на ткивото на градите.

Иновативен метод за ран предскрининг за рак на дојка BRASTER PRO за прв пат и кај насBRASTER PRO е апликабилен и за скрининг програми за испитувања за рак на дојка за жени под 50 годишна возраст кои не се опфатени со стандардните програми за скрининг, за испитување на жени со семејна историја со рак на дојка и генетски мутации BRCA1 и BRCA2, за жени кои примаат орални контрацептиви или хормонална терапија, за жени под 50 годишна возраст за контрола на состојбата на градите помеѓу редовните мамографски прегледи, за следење на состојбата наа граните импланти, а прегледите може да се прават и во комбинација со редовен преглед на пациентот во лекарски кабинет.

Во моментов овој систем, BRASTER PRO е достапен само во Прилеп. Основната цел е распространување на методот на контактната термографија за да може што повеќе жени да ја искористат предноста на технолошкиот развој во медицината за почести прегледи за рак на градите, без зрачење и без штетни последици по нивното здравје.

https://bmgroup.mk/
https://bmgroup.mk/braster-pro/
https://www.facebook.com/BalkanMedicalGroup

Прочитајте повеќе

Искра Гешоска

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Гете-медалот ќе го додели претседателката на Гете-институт Карола Ленц на церемонија на 28 август 2024 …