Инспекторите не можеле да направат контрола во „Беса транс“ затоа што било затворено

Инспекторите не можеле да направат контрола во „Беса транс“ затоа што било затворено

Државниот инспекторат за транспорт се обидел, но не успеал да изврши контрола во просториите на фирмата „Беса транс“ во чиј автобус загинаа 44 патници на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Инспекторите на Државниот инспекторат за транспорт наишле на затворени врати во „Беса транс“ при обидот да го испитаат работењето на фирмата, вели директорот Руфат Хусеини. Три дена по ужасната трагедија на автопатот во Бугарија, инспекторите не успеале да влезат во фирмата, ниту да остварат телефонски контакт со надлежните затоа што никој не им се јавувал.

„Вчера се упативме во просториите на „Беса транс“, во седиштето, но беа затворени, никој не се јавуваше на службените телефони. Оттаму се упативме во седиштата на двете агенции што ги имаат во Скопје, кои исто така беа затворени и немаше никој. Во Тетово знаеме дека има една агенција, но нашиот инспектор оттаму не информираше дека и таа е затворена. Не можевме да извршиме вонреден инспекциски надзор“, изјави директорот на Инспекторатот Хусеини за Миа.

Инспекторатот сега со допис ќе бара термин од „Беса транс“ за да се направи контрола, затоа што во фирмата никој не им кревал телефон.

Минувал граници без документи  

Законот за превоз во патниот сообраќај предвидува дека за контрола на работењето на превозниците се задолжени Инспекторатот, како и Царината. Хусеини претходно се жалеше дека не може да контролира 2.000 превозници во државата со само 13 инспектори, и одговорноста ја префрлаше врз царината.

Министерството за транспорт и врски во средата и ја одзеде лиценцата за работа на фирмата-превозник  „Беса транс БТБ“, бидејќи за автобусот немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници. Од „Беса транс“ во 2018 година во Министерството регистрирале четири возила, но меѓу нив не е автобусот што изгоре.

Царинската управа во меѓувреме утврди дека четирите автобуси на „Беса транс“ кои сообраќале кон Истанбул и назад до Скопје, речиси без контрола биле пропуштени на граничниот премин Деве Баир, иако немале уредни документи. Излегувањето на опожарениот автобус од земјата воопшто не било евидентирано, па поради тоа се суспендирани двајца царински службеници и раководител кои вечерта на 18 ноември биле на смена.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …