Роден на денешен ден: Крешимир Ќосиќ, великан на југословенската и европската кошарка

Роден на денешен ден: Крешимир Ќосиќ, великан на југословенската и европската кошарка

На денешен ден, 26 ноември 1948 година, роден е еден од најдобрите југословенски кошаркари на сите времиња, Крешимир Ќосиќ.

Ќосиќ е роден во Загреб, но израснал во Задар каде од 1965 до 1969 година играл за КК „Задар“. Од 1969 до 1973 во САД настапувал за Бригам Јанг Универзитетот. Ќосиќ бил првиот играч надвор од САД избран на драфтот за НБА лигата, но ги одбил неколкуте понуди и се вратил во КК „Задар“, каде останал до 1975 година.

Државното првенство го освоил 6, а кошаркарскиот куп 4 пати. Настапувал уште и за „Виртус“ и „Цибона, со која во 1982 година го освоил Купот на победниците на куповите.

Дресот на репрезентацијата на тогашната Југославија го носел 303 пати. На Светските првенства во 1970 и 1978 година освоил злато, а 1967 и 1974 година сребро. На Олимписките игри во Москва во 1980 се закитил со златен медал, а во Мексико Сити во 1968 и во Монтреал 1976, со сребрен. Со југословенската репрезентација трипати бил Европски шампион, во 1973, 1975 и 1977 година, исто толку вицешампион, во 1969, 1971 и 1981, а еднаш, итоа во 1979 година се закитил со бронза.

Заради постигнатите резултати, Ќосиќ се смета за еден од најдобрите европски кошаркари, препознатлив по начинот на игра, техника и елеганција.

Ќосиќ бил припадник на мормонската црква, заради што имал големи проблеми со Комунистичката партија и заради што, како што сведочат некои од неговите тогашни соиграчи, бил избркан од Задар, градот во кој израснал и ја започнал кошаркарската кариера.

Крешимир Ќосиќ почина на 25 мај 1995 година во Балтимор, САД.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …