Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата

Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата

На денешната седница Владата донесе Одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје.

Со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност, како и вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изградување и спроведување на стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажување стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината.

Со оваа одлука, ќе се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …