Интервју на Грковска за „Трилинг“: Со плашливи луѓе и калкуланти не може да има успех во борбата со корупцијата

Интервју на Грковска за „Трилинг“: Со плашливи луѓе и калкуланти не може да има успех во борбата со корупцијата

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, оцени дека во однос на борбата со корупцијата и организираниот криминал има неподелени мислења дека сме далеку од тоа да бидеме задоволни од резултатите во изминатите две години, што е прилично краток период за радикален исчекор напред.

„Еден добар дел од резултатите или мислењето во јавноста се однесува на институции врз кои владата нема ингеренции, тоа значи на правосудниот систем, затоа што изостанува ефективна завршница на крупни корупциски и криминални случаи, што е разочарувачки за сите нас, за секој граѓанин на нашата држава“, истакна Грковска.

Грковска изјави дека очекува од судиите да ги посочат јавно тие коишто им вршеле притисок и да поднесат пријава, затоа што разочарува тоа што нема конкретна и суштинска институционална процедура за ваквите обвинувања. Според неа, не само во правосудниот систем, туку и во другите фели, треба да се најде механизам како да се изолираат тие кои фрлаат црно петно и го рушат целото општество од внатре.

„Јас сум сигурна дека доколку се најде некој храбар во истражните и судско обвинителските органи да покрене кривична постапка, се разбира доколку има сериозна аргументација, за судии и обвинители коишто се во ланец на корупција и организиран криминал, и доколку успешно заврши таа постапка, дури тогаш може ние да зборуваме дека граѓаните ќе почнат да ја враќаат довербата во правосудството и генерално во институциите“, истакна вицепремиерката Грковска.

„Не мислам дека единствените виновници се во правосудството“, истакна Грковска, меѓутоа, како што додаде, се покажува дека најслабата алка е токму правосудниот систем.

„Нам ни требаат храбри, чесни и со интегритет вработени во сите институции коишто се во ланецот институции за борба против корупцијата и организираниот криминал. Со плашливи луѓе, не може да има успех во оваа битка. А со калкуланти, исто така. Ако калкулирате однапред, дали ако преземете нешто согласно закон можете да имате последици или не, или како тоа ќе се одрази на вашата кариера, тогаш подобро одете си од таа позиција“, изјави Грковска во емисијата „Трилинг“.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …