Иран изврши втора егзекуција поврзана со протестите

Иран изврши втора егзекуција поврзана со протестите

Во Иран денеска јавно бил обесен човек осуден за убиство на двајца припадници на безбедносните сили. Ова е втора егзекуција поврзана со антивладините протести за помалку од една недела. Егзекуцијата на Маџидреза Рахнавард, објавена од судската агенција Мизан, дојде откако револуционерниот суд во Машахд го осуди за „водење војна против Бога“, обвинение кое се казнува со смрт, за наводно убиство на двајца членови на озлогласената паравоена милиција Басиџ со нож за време на протестите во ноември.

Иран егзекутираше лице поради протестите во земјата

Иранските револуционерни судови се меѓународно критикувани затоа што не им дозволуваат на оние на кои им се суди да избираат свои адвокати или дури и да ги видат доказите против нив. Машхад, шиитски свет град, се наоѓа на околу 740 километри источно од иранскиот главен град Техеран. Активистите велат дека имало протести, затворени продавници и демонстрации поради немирите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини. На 8 декември, Иран ја изврши својата прва егзекуција на демонстрант од немирите, обесувајќи го Мошен Шекари, откако неговата жалба на казната беше одбиена од иранскиот Врховен суд. Шекари наводно ранил офицер од обезбедувањето. Активистите предупредуваат дека најмалку десетина луѓе веќе се осудени на смрт на сослушувања зад затворени врати.

Во Иран осудени на смрт 5 лица за смртта на член на милицијата Басиџ

Илјадници Иранци излегоа на улиците низ целата земја откако Амини почина додека беше во полициски притвор во септември. Таа беше приведена поради наводно неправилно носење шамија на главата. Иранската организација за човекови права со седиште во Осло вели дека бројот на егзекуции во Иран надмина 500 оваа година.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …