Искршени врати и инвентар – што се случувало синоќа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп?

Искршени врати и инвентар – што се случувало синоќа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп?

Во партиските простории на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, кои се наоѓаат во центарот на градот непосредно до Градскиот пазар, синоќа се случил инцидент.

Според неофицијалните информации, незадоволни партиски членови ја искршиле влезната врата на партискиот штаб, како и дел од инвентарот во просториите, каде во тој момент се наоѓале повеќе членови на прилепскиот Општински комитет.

 

Не е тајна за анимозитетот кој постои помеѓу трите фракции во партијата, кој ескалираше по прашањето на изборот на кандидат за градоначалник на Прилеп.  Повеќе е од јасно дека на општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, особено на првиот човек Дејан Проданоски, ќе му биде исклучително тешко да ги обедини раскараните фракции.

Токму од тие причини пред околу 7 месеци, непосредно после неговото назначување за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Проданоски поднесе оставка од претседателската функција. Централното раководство на партијата не ја прифати оставката, па на инсистирање на Мицкоски, Проданоски остана на чело на Општинскиот комитет.

Останува да се види како ќе се развиваат внатрепартиските случувања во партијата, во пресрет на почетокот на кампањата за локалните избори. Инаку, официјален кандидат на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, е ортопедот Борче Јовчески.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …