Истражување на ЦГК: Пола од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје

Истражување на ЦГК: Пола од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје

За данок на имот од граѓаните и од фирмите, сите општини во државава заедно, годишно во просек наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 отсто, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 отсто. И успешноста во наплатата е поголема кај граѓаните, 85 отсто, а кај фирмите се наплатува по 78 отсто од пресметаниот данок, покажуваат податоците од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК): Истражување и база на податоци за пресметаниот и наплатениот данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година.

Во овие анализирани три години, односно 2017, 2018 и 2019 година, има зголемување на износот на наплатен данок на имот, но сепак, за разлика од 2018 година кога порастот во однос на претходната година бил 12,5 отсто, во следната 2019 зголемувањето било само 2,5 отсто.

Десетте градски скопски општини заедно, прибираат просечно годишно по 627 милиони денари, односно 10 милиони евра. Ова значи дека половина од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје.

Најголеми приходи од данок на имот има скопската Општина Центар, по околу 2,3 милиони евра годишно, а најмали, односно без приходи по оваа основа, е Општина Арачиново која не ни наплатува ваков данок, бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници, ниту има формирано даночно одделение, поради што и не издава даночни решенија.

Само 7 општини имаат просечни годишни приходи од данок на имот кои се поголеми од 1 милион евра, а во дури 36 општини овие приходи се помали од 50.000 евра.

Процентот на наплатата во периодот 2017-2019 година кај општините се движи од 27 отсто до 126 отсто. На врвот според на наплатата се општините Росоман (126 отсто) и Ресен (110 отсто), а на дното се Маврово и Ростуше (27 отсто) и Студеничани (32 отсто).

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …