Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

„Јас сум да постигнеме консензус. За 10%, за 20%, за 30% од прашањата. Тоа ќе ја забрза брзината на државата кон нејзината цел. Ако одиме со 100 км на час, ќе одиме со 150“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на прашањето за соработката со опозицијата за важни прашања за граѓаните.

„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Отидовме во Парламентот заради тоа што е ковид криза и преку закон да дефинираме заеднички да влеземе во реализацијата со опозицијата. Најголемиот проект, кој што го финансираме со наши пари и за коj ЕУ ни вели ако го спроведете ќе ви дадеме грант од 50% од вредноста. За да застанеме заедно и за да ја убедам опозицијата реков тие да бидат мнозинство во изведувањето на овој голем проект. Ние, ако сме власт, ќе бидеме малцинство. Плус да имаат и во контролната улога, во собраниската комисија која што ќе го следи проектот, и таму да бидат мнозинство. Од нашите редови е министерот за здравство и доволно е тоа. Значи првоодговорен за реализација и првоодговорен за контрола да бидат од опозицијата. Со 2.000 амандмани го блокираа законот“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

Тој додаде дека истата пракса опозицијата ја применува и за другите закони од интерес за граѓаните и за напредокот на земјата.

„Тргнавме со Законот за бесправни градби. Гледам нашиот министер Бочварски се обидува со претседателот на собраниската комисија Мисајловски да тргне постапката за усвојување на законот. Законот за енергетска ефикасност, со 50 милиони евра од Светска банка, е исто така блокиран, а тој треба да биде наменет на болници, градинки, училишта. Проектот трамвај на тркала, еколошки проект за кој издвоивме 70 милиони евра, исто така закочен. Блокиран е и законот за земјоделците за откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица, што значи дефинитивно за сето ова ни треба човек од другата страна за разговор со чувство за овие работи“, нагласи премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …