Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Бројот на попишани расте секој ден. Оваа прва седмица од најголемата статистичка операција се попишани 32.752 лица од дијаспората, соопшти Државниот завод за статистика, нагласувајќи декасекојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници, коишто можат можат да се самопопишат до 21 април.

Истовремено, проблемот со добивање потврда дека самопопишувањето е успешно завршено е надминат, соопшти оваа институција. 

„Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат“, се вели во соопштението од Државен завод за статистика.

Прочитајте повеќе

артан груби притвор

Истекува куќниот притвор за Артан Груби: Правдата пред нов тест за неказнивост

Наближувањето на рокот за истекување на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер и висок …