Истражување: 45 македонски државјани имаат имоти во Дубаи во вредност од 14 милиони долари

Истражување: 45 македонски државјани имаат имоти во Дубаи во вредност од 14 милиони долари

Иако не се наведени конкретни имиња, но опсежното истражување на Центарот за напредни одбранбени студии од САД во кое се обработени податоци од 2020 година покажува дека 45 македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во вредност од 14 милиони евра.

Во истражувањето кое денес го објави и норвешката веб-страница Е24 е наведено дека не е невообичаено ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат.

Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин.

Истражувањето покажало и дека меѓу другите од регионот најмногу, односно вкупно 517 Грци поседуваат 1.007 имоти со вредност од 327 милиони долари.

Втори на списокот по бројност од земјите од нашето соседство се наведени 287 имоти кои се во сопственост на 237 граѓани од Србија, а нивната вредност е 74 милиони долари, помалку од пет државјани на Косово имаат „помалку од пет имоти“, во вредност од еден милион долари.

За Бугарија забележано е дека 247 граѓани имаат 384 имоти со вкупна вредност од 66 милиони долари.

Проценети на вкупна вредност од седум милиони долари, 17 државјани на Албанија поседуваат вкупно 19 имоти. Вкупно 56 имоти поседуваат 46 државјани на Словенија, а вкупната вредност им е 26 милиони долари. Вкупно 125 имоти со вредност од 43 милиони долари поседуваат 94 хрватски државјани.

Исто така 68 граѓани од Босна и Херцеговина поседуваат 105 имоти со вредност од 27 милиони. 11 Црногорци поседуваат 16 имоти во Дубаи со вредност од 7 милиони долари.

Најголем број од лицата кои поседуваат имот воопшто во Дубаи се руски олигарси, политичари и јавни функционери, 5.381 од нив поседуваат 9.755 недвижнини со вредност од 3,344 милијарди долари.

Потоа следат државјани на Европската Унија меѓу кои има и европски политичари и пратеници обвинети за лошо управување со јавните фондови или за непријавување на целосниот обем на нивните приходи и имот.

„Преселувањето на оддалечените пазари за перење приходи од криминал ја покажува зголемената софистицираност на балканските криминалци и е показател за тоа колку овие организации станаа флексибилни и бизнис-ориентирани. Агенциите за спроведување на законот треба да работат со Обединетите Арапски Емирати за да го решат ова прашање, вклучително и долгорочен пристап“, се вели во истражувањето.

Исто така, во истражувањето е нагласено и дека понатаму треба да се направи повеќе за да се одговори на ризиците од враќање на парите од прекуокеанскиот криминал во кревката политичка економија на Западен Балкан.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …