ITALIAN DESIGN DAY

ITALIAN DESIGN DAY 2022: Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина

Денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ITA – Italian Trade Agency, се одржа  конференција на тема „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“, во рамки на 6-тото издание на ITALIAN DESIGN DAY.

Настанот го отвори амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри. 

Овогодинешното издание на ITALIAN DESIGN DAY, имаше за цел да ги престави новите технологии за подобрување на квалитетот на животот во урбаните средини, “зелени“, “смарт“ и иновативни решенија за урбан транспорт, управување со сообраќајот,максимизирање на енергетската ефикасност, заштита на животната средина, и сл.
За таа цел,  на конференцијата во Скопје  се претставија со своите технологии и експертиза некои од најеминентните италијански компании во овие области.  ИВЕКО www.iveco.com   ги претстави своите иновативни и одржливи решенија за декарбонизација на урбаниот транспорт. ЕНЕА, Државната Агенција за нови технологии, енергетика и одржлив економски развој www.enea.it   ги претстави  своите искуства и проекти во доменот на решенија за енергетска ефикасност во урбани средини, додека СИСТЕМАТИКА www.systematica.net  претстави решенија за урбана мобилност со нулта емисија на штетни гасови за  новите смарт градови.  На настанот беа презентирани и  финансиски инструменти со кои се поддржува набавката на италијанска технологија и опрема во странски земји (градови, општини, јавни претпријатија) од страна на италијанската државна финансиска институција САЧЕ.
Italian Design Day е проект на италијанското Министерство за надворешни работи со кој се промовира дизајнот како универзална експресија на “Made in Italy”. Денот на италијанскиот дизајн се одбележува со богата програма со настани организирани од италијанските амбасади низ целиот свет.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …