Италија стана првата земја во Европа што ќе бара ковид-потврда од работниците

рвата земја во Европа што ќе бара сите вработени да поседуваат здравствена ковид-потврда е Италија, откако италијанската влада вчера усвои мерка со која што дигиталните потврди се задолжителни за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, јави „Еуроњус“.

Обврската ќе важи од 15 октомври најмалку до крајот на годинава. Целта е да се зголеми бројот на дадени вакцини и да се намали стапката на инфекцијата, во очекување на нов бран на ковид-19 зимава.

„Ја прошируваме обврската за потврда за сите вработени, и во јавниот и во приватниот сектор, и тоа го правиме од две основни причини: да ги направиме работните места побезбедни и да ја засилиме нашата кампања за вакцинација“, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Сите вработени ќе мора да докажат дека биле вакцинирани против ковид-19, ја прележале болеста или да приложат нов тест за ковид-19. Само пензионерите и невработените ќе бидат ослободени од имањето „зелена потврда“.

Секој вработен што нема да приложи важечка потврда за ковид-19 ќе биде суспендиран пет дена неплатено, но не смее да биде отпуштен. Невакцинираните би можеле да добијат казни до 1.500 евра, пишува „Еуроњус“.

Претходно италијанскиот Сенат со големо мнозинство ја одобри мерката – 189 сенатори беа „за“, 32-ца „против“, а воздржани беа само двајца сенатори.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …