„За нас, како земја кандидат за членство во ЕУ, е од особена важност поддршката и соработката со сите органи на Европската Унија, особено со ОЛАФ, со цел ефикасно исполнување на препораките во делот на политиките и мерките за борба против корупција и организиран криминал. Водејќи се од основните вредности на ЕУ кои вклучуваат владеење на правото и почитување на човековите права, како Влада остануваме силно посветени на трасираниот пат за искоренување на корупцијата и криминалот, во што од огромно значење се препораките и искуствата што ги добиваме од Европската Унија и органите во нејзин состав“, рече вицепремиерот Николовски на средбата со директорот на ОЛАФ.Генерaлниот директор на ОЛАФ, Итала, го запозна вицепремиерот Николовски со новите регулативи на ОЛАФ за Европско јавно обвинителство (ЕППО) како и за Заедничката Програма на Европската Унија за борба против измами. Посочи дека ОЛАФ максимално ја цени и подржува заложбата на државата особено на вицепремиерот во борбата против корупцијата со сите системски и превентивни мерки. На средбата се потенцираше дека соработката ќе продолжи и ќе се зајакне.
Директорот на ОЛАФ, Итала порача дека Северна Македонија во 2022 година ќе може да аплицира и да биде дел од најновата Заедничка Програма на Европската Унија за борба против измами (2021-2027), која за овој период има буџет од околу 181 милион евра. Целта на оваа Програма е заштита на финансиските интереси на Европската унија преку поддршка на акциите за борба против нерегуларностите, измамите и корупцијата што влијаат врз буџетот на ЕУ, поддршка на меѓусебна помош помеѓу административните органи во земјите членки на ЕУ и обезбедување правилна примена на законот за царински и земјоделски прашања преку поддршка на соработката помеѓу административните органи во земјите членки на ЕУ и Европската Комисија.