Изборна битка за Истанбул

Изборна битка за Истанбул

Истанбул, градот на Босфорот стар повеќе од 2.500 години, ќе направи уште еден мал чекор на своето патување низ историјата на 31 март, додека гласачите одлучуваат кој ќе ја води метрополата следните пет години.

Иако се распадна по победата на Реџеп Таип Ердоган на претседателските и парламентарните избори во 2023 година, турската опозиција ќе се обиде да возврати на локалните избори, а иднината на нејзината најголема надеж, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, зависи од исходот на овие избори.

Анкетите покажуваат дека актуелниот градоначалник Имамоглу и поранешниот министер Мурат Курум, кандидатот на владејачката АКП, се во тесна трка во Истанбул, градот каде Ердоган се прослави како градоначалник во 1990-тите.

Иако ширум Турција се одржуваат локални избори, целото внимание ќе биде насочено кон битката за Истанбул, најголемиот град во Турција.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Бум на бизнисот со оружје во светот

Бум на бизнисот со оружје во светот

Приходите од продажба на оружје се зголемени во 2023 ширум светот. Според податоците на Институтот …