Изгласани два нацрт-амандмани за промена на Уставот, денеска продолжува расправата

Изгласани два нацрт-амандмани за промена на Уставот, денеска продолжува расправата

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува расправата по двата преостанати нацрт-амандмани за уставните измени, согласно Договорот од Преспа.

Синоќа пратениците со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани го усвоија нацрт-амандманот со кој одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се вметнува Охридскиот рамковен договор. Претходно, пратениците со 67 гласа „за“ го усвоија и нацрт-амандман, со кој се предвидува менување на името Република Македонија со Република Северна Македонија.

Воздржано гласаа осумтемина пратеници од опозицијата кои го поддржаа отворањето на Уставот, условувајќи со процесот на простување и помирување.

Во третиот нацрт-амандман кој се однесува на гаранциите на суверенитетот и територијалниот интегритет на соседните земји, ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртиот и последен се однесува на иселениците и во него Републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

По изгласувањето на нацрт – амандманите, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …