Изготвени нацрт верзии на законите за средно, стручно образование и образование на возрасните

Изготвени нацрт верзии на законите за средно, стручно образование и образование на возрасните

Три нови законски решенија ќе го стимулираат напредокот на средното, стручното образование и обуките, како и на образованието на возрасни, информираше Министерството за образование и наука (МОН).

Два од законите веќе беа објавени и на ЕНЕР системот каде граѓаните дадоа свои сугестии и предлози за содржината пред истите да бидат испратени во Собранието, велат од ова Министерство, а наскоро и Законот за средно образование ќе биде објавен на владиниот ЕНЕР систем.

„Новите закони за средно и за стручно образование и обука првенствено треба да обезбедат повеќе права и можности за учениците, наставниците, стручните соработници, бизнис заедницата. Со истите се предвидува унапредување на практичната обука и концептот на дуално образование кој има голема улога во поврзувањето на образовниот систем со пазарот на трудот, а фокусот е ставен и на подигнување на степенот на инклузивност во формалното и неформалното образование“, велат од МОН.

Новиот Закон за образование за возрасни, пак, ќе го зајакне системот за валидација на неформалното учење, со што се очекува да им овозможи стекнување на квалификации на повозрасните лица со ниско ниво на образование кои имаат минимални или се без квалификации. На овој начин, МОН очекува пазарот на труд да се отвори и за овие лица да можат да најдат соодветен работен ангажман.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …