В недела почнува летното сметање на времето

В недела почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето ќе почне в недела ноќта во 2 часот, при што стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот.

Летното сметање на времето ќе биде на сила до 29 октомври, во 3 часот.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, поради заштеда на енергија.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Од 2002 година, Европската Унија, како и останатите земји во Европа, одредија дека почетокот на летното сметање на времето почнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври, кога стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.

Прочитајте повеќе

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Посетите на политичарите на болничките соби, каде што се лекуваат тешко повредените од пожарот во …