Изложба на фотографии на децата од малите групни домови

Изложба на фотографии на децата од малите групни домови

Вчера се одржа фотографска продажна изложба “Nos Creare” на децата од малите групни домови во Национална галерија – Чифте Амам, Скопје. На изложбата присуствуваа, министерката за труд и социјална полиика Мила Царовска, министерот за образование Арбар Адеми, како и преставници од меѓународните организации, амбасадите и граѓанскиот сектор.

На продажба беа понудени 28 уметнички фотографии коишто на фото- сафари работилница изминатата половина година ги фотографираа деца од малите групни домови. Фотографиите ќе продолжат да се продаваат и може да се видат на инстраграм профилот nos.creare, а од идната недела и на веб страницата www.creative.com.mk. Собраните средства ќе се искористат за купување на фотографска опрема и компјутери. На овој начин се создаваат услови децата да учат нови вештини и да креираат нови дела.

„ Децата од малите групни домови се наша голема гордост! Нивните успеси се доказ дека секое дете има потенцијал во кој целото општество треба да вложува.Затоа и понатаму ќе вложуваме, за секое дете и секој млад човек да има еднакви шанси! Им благодарам од се срце на сите кои беа дел од организација на изложбата. На мое огромно задоволство, 75% од децата ги извадивме од големите безлични институции. Со добри политики и вистинска грижа, сите заедно растеме, градиме хумано и праведно општество, бидејќи сите деца заслужуваат љубов и топол дом“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Особено се радуваме што сите заедно го видовме творечкиот дух на нашите деца кои половина година низ практична и теоретска едукација на различни локации низ државата како дел од фото-сафари работилниците создадоа 28 уметнички фотографии. Истовремено се гордееме со успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните партнери“, рече Владо Караев, дел од тимот на трансформираната институција „25 Мај“.

Работилницата за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Крајната цел е во наредниот период да ги збогатиме програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови ќе го посветиме на учење занимања, вештини и социјализација.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …