израелски војници

Израел кажа дека „ја затнал“ границата со Газа, воздушните напади продолжуваат

Се очекува денеска Израел да почне голема копнена воена операција во Газа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчеравечер порача дека воздушните напади на Израел врз Газа се „само почетокот“

Израел посочи дека целосно ја обезбедува границата со Газа, откако милитанти од палестинското движење Хамас, кое ја почна најновата војна со Израел во саботата, истиот ден ја пробија граничната бариера на повеќе места, известува Би-би-си.

Денеска се очекува голем копнен напад на израелските сили во Газа.

Според истиот извор, во текот на изминатото деноноќие немало нови прекугранични упади. Нападите на израелските вооружени сили продолжија и во текот на ноќта и се смета дека се погодени околу 200 милитантни цели. И додека палестинските власти велат дека гинат цивили, Израел првин ги советуваше граѓаните во Газа да ја напуштаат територијата преку преминот контролиран од Египет, потоа ситуацијата се смени и беше кажано дека тој премин е всушност затворен, пренесува Би-би-си.

Според кажаното, во Израел загинале околу 900 луѓе, од коишто 260 на музички фестивал, а израелската војска вели дека досега пронашла тела на 1.500 милитанти. Според палестинските власти, досега во Газа од саботата животите ги загубиле околу 690 луѓе. Досега е потврдена смртта на 12 државјани на САД.

Според портпаролот на израелските вооружени сили Ричард Хехт, израелската војска моментно гради инфраструктура за идни операции и на границата со Газа се поставени 35 баталјони, што значи дека бројката на војници сигурно надминува 4.500.

Се очекува денеска Израел да почне голема копнена воена операција во Газа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчеравечер порача дека воздушните напади на Израел врз Газа се „само почетокот“.

Како што јавува Би-би-си, во Газа се погодени голем број објекти, односно куќи и згради, што се речиси целосно уништени.

Движењето Хамас вчера се закани дека ако продолжат воздушните напади од Израел, ќе почне да ги убива заложниците што досега ги има зедено.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Виетнамска милијардерка осудена на смртна казна поради финансиска измама

Виетнамска милијардерка осудена на смртна казна поради финансиска измама

Истакната банкарска службеничка е осудена на смрт за нејзината улога во најголемиот измамнички случај во …