израелски војници

Израелските сили започнаа голема воена операција во Џенин на Западниот Брег

Видеата доставени до Си-Ен-Ен од градот Џенин покажуваат како израелски булдожери рушат инфраструктура за да разоружаат потенцијални експлозиви, како и присуство на израелски тенкови надвор од границите на градот

Израелските сили ја лансираа најголемата операција во изминативе 20 години во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, пренесува Си-ен-ен.

Според палестинските власти, при оваа акција на израелските сили загинале најмалку 10 лица, а биле повредени уште околу 100 други лица. Стотици палестински семејства ја напуштија оваа област по нападот.

Заменик-градоначалникот на Џенин, Мохамед Џарар изјави дека се уништени домови и инфраструктура, поради што е исклучена струјата и водата во бегалскиот камп.

Духа Туркман, 16-годишен жител на Џенин, рече дека добиле два часа да се евакуираат од градот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во соопштение рекоа дека започнале тековни „обемни антитерористички напори во областа на градот Џенин и кампот Џенин“, нанесувајќи удар на „терористичката инфраструктура“.

ИДФ извршил околу 10 воздушни напади користејќи дронови, а стотици војници таргетираа, како што пренесуваат, центар за „команда и контрола“ на војниците, како и локации за производство на оружје и експлозиви.

Видеата доставени до Си-Ен-Ен од градот Џенин покажуваат како израелски булдожери рушат инфраструктура за да разоружаат потенцијални експлозиви, како и присуство на израелски тенкови надвор од границите на градот. Граѓаните изјавиле дека слушнале пукотници, а на видеото се гледа како ранети Палестинци се евакуирани во државната болница во Џенин.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …