Успешен настап на веслачите на „Црн Дрим“ на меѓународната регата „Војводина Опен“

Успешен настап на веслачите на „Црн Дрим“ на меѓународната регата „Војводина Опен“

Веслачите на ВК „Црн Дрим“ Струга постигнаа забележителни резултати на големата меѓународна веслачка регата „Војводина Опен“, која се одржа на 1 и 2 јули на Паличко Езеро.

Она што посебно треба да се истакне, е големиот успех на младата Ана Прентоска, која во дисциплината скиф за пионерки на 1.000 метри, го освои одличното второ место. Завиден резултат постигна и Елена Столеска во дисциплината скиф за сениорки, која во силна конкуренција избори пласман во финалето каде го освои шестото место.

Боите на клубот достојно ги бранеа и останатите натпреварувачи: Климентина Стојмилоска, Христијан Китаноски, Никола Мариноски, Александар Хиохи, Вања Кукунеш, Андреј Симоновиќ, Цвете Димоски и Леон Шутиноски, предводени од тренерите Игор Скепароски и Марјан Влаќески.

На веслачката регата учествуваа вкупно 22 екипи од Србија, Турција, Бугарија, Унгарија и Македонија.

Прочитајте повеќе

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда, 13.08.2025 година во 18 часот започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар …