собрание

Извештајот на Европската комисија за 2022 година пред пратениците

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по 91-вата седница, на чии дневен ред е и Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година. На дневен ред се и неколку предлог-ратификации, потоа предлог-финансиски планови на Регулаторната комисија за енергетика и на МРТ за 2023 година.

Една од точките по кои треба да расправаат пратениците е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка и Предлог на закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, во прво читање.

Во посета на Парламентот се очекува и Делегација од израелскиот Кнесет, која ќе се сретне со претседателот Џафери и пратеничката Рашела Мизрахи, претседател на пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот со Израел.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …