Извршена четвртата трансплантација на срце, органот земен од 44-годишна дарителка

Извршена четвртата трансплантација на срце, органот земен од 44-годишна дарителка

Рано утрово срцето на 44 годишна пациентка чие семејство несебично ги донирало органите, почна повторно да чука, по извршената четвртата трансплантација на срце во земјава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својата офицјална Фејсбук-страница.

„Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот“, напиша Филипче.

Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеле на постапката на земање на срцето од мртвата дарителка.

Министерот Филипче најави повеќе детали во текот на денов.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најдени 350.000 евра во ѕид, под истрага е судија

Најдени 350.000 евра во ѕид, под истрага е судија

Судија од Апелациониот суд во Скопје е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ во …