На 15 јуни од 10 до 11:30 часот, експерти од Телеком, Агенцијата за електронски комуникации и Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе разговараат на тема „Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата“. Настанот ќе се одвива онлајн на платформата ZOOM но и ќе се стрима во живо на Фејсбук страната на ИЦЕДА.

Дијалозите во форма на панел-дискусија се посветени на разбивање на митовите поврзани со 5Г технологијата со цел да се унапреди знаењето и подигне јавната свест за придобивките од користењето на истата, како и да се намали технофобијата во Северна Македонија.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, ко-финансиран од Европската Унија, а е во организација на Фондација Метаморфозис.

Говорници на настанот кои ќе говорат на темата ќе бидат:

  • Бардил Јашари, извршен директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис;
  • Д-р Борис Арсов, Раководител на Сектор за телекомуникации, Агенција за електронски комуникации;
  • Васко Најков, Директор на Сектор за пристапни мрежи, Македонски Телеком;
  • Д-р Томислав Шуминоски, Доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Заинтересираните за следење на настанот и да поставуваат прашања треба да се регистрираат на следниот линк.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија), НВО 35 ММ (Црна Гора) и Lëvizja MJAFT (Албанија).

Извор:МЕТА