Делчево

Јавна осуда на физичкото насилство врз жена во Делчево

Реакција на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Делчево:

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Делчево најостро го осудува бруталното насилство што се случи врз жена во Делчево од страна на маж кој безобразно упаднал во домот на жртвата, во раните утрински часови на 31 октомври и извршил кривично дело кое може да предизвика далекусежни последици врз жртвата.

Изразувајќи згрозеност од свирепиот чин на малтретирање жена во домот, ги повикуваме органите на прогонот максимално сериозно да пристапат кон ова кривично дело за насилство врз жена и да изречат максимална казна за сторителот, бидејќи ова насилство што се случи во Делчево, влијае врз сите жени, врз нивната сигурност и безбедност во домот.

Во Делчево не смееме да дозволиме криминални и болни умови да го нарушат мирот, да ја срушат самодовербата на жената, да предизвикаат стигматизација, негативна перцепција и други негативни појави кои ја дискриминираат жената во современото демократско општество, каде зборуваме за човекови права и слободи.

Ваков облик на физичко насилство врз жена која живее сама, Делчево не памети и иако силувањето како облик на насилство е присутно во сите општества и во сите социјални слоеви, а корените на насилството лежат во таа постојана дискриминација врз жените, оваа статистичка формулација, не треба да биде оправдување и амортизирање на сериозното прашање кое се наметнува, туку поле за поголема работа и на граѓанските оганизации во Делчево и на одделот за превенција при МВР.

Како КЕМ посветено ќе го следиме случајот и соодветно ќе реагираме со цел жртвата да ја добие потребната помош и поддршка, но и ваков вид на физичко насилство врз жена повеќе да не се повтори.   

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …