Јавната администрација од општина Крушево се приклучува на акцијата за чистење на животната средина

Јавната администрација од општина Крушево се приклучува на акцијата за чистење на животната средина

Општина Крушево се приклучува на големата акција за чистење на животната средина, која државната администрација, вработените во јавните претпријатија и локалната самоуправа ќе ја спроведат утре, сабота 14 декември, заедно со иницијативата „Не биди ѓубре“.

Општина Крушево ги повикува сите институции кои имаат свое седиште, канцеларија и единица во Крушево, да се приклучат на оваа акција за унапредување на чистотата и заштита на животната средина.

Сите вработени во институции, здруженија и граѓани, треба утре во 8:30 часот да бидат во градскиот парк во Крушево од каде што ќе започне акцијата, а конкретните насоки и точните локации за чистење ќе бидат дадени на лице место.

Акцијата ќе трае до 12 часот.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …