СДСМ Прилеп: Со мерката „МојДДВ“, за три месеци на сметките на граѓаните легнаа над 3 милиони евра

СДСМ Прилеп: Со мерката „МојДДВ“, за три месеци на сметките на граѓаните легнаа над 3 милиони евра

Прес-конференција на Валентин Божиноски, советник во Советот на општина Прилеп:

Почитувани,

Концептот „Парите кај граѓаните“, како еден од столбовите на Програмата на СДСМ, дава реални и видливи резултати кои ги чувствува секој граѓанин.

Успешно се одвива повратот на 15 отсто од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември, кон сите граѓани кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“.

Само за првиот квартал од спроведувањето на мерката поврат на ДДВ, над 3.000.000 евра завршија на личните сметки на граѓаните, а после декемвриската исплата, во редовни интервали на секои три месеци ќе следува нов поврат на средства.

Повеќе од 170.000 граѓани корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, досега скенирале над 38.000.000 фискални сметки, што е најдобар доказ дека мерката е широко прифатена од граѓаните.

Со оваа мерка за првпат државата враќа пари директно кај граѓаните, а Управата за јавни приходи станува нивни партнер.

Граѓаните не само што станаа „даночни инспектори“ и што помагаат во сузбивање на сивата економија, туку гледаат и директен бенефит по нивниот џеб.

Почитувани,

Цели 11 години криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ немилосрдно ги грабаше и крадеше народните пари, а граѓаните осиромашуваа наспроти богатењето на фамилијата од „белиот дворец“.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ земаше пари од граѓаните, а власта на СДСМ ги враќа парите директно во рацете на граѓаните.Тоа се два целосно различни концепта.

Како одговорна партија, остануваме на страната на граѓаните, продолжуваме на правиот пат и реализираме мерки со кои го подобруваме животниот стандард на секој граѓанин.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …