Јавните комунални претпријатија од Прилеп интензивно ги чистат и дезинфицираат улиците и јавните површини

Јавните комунални претпријатија од Прилеп интензивно ги чистат и дезинфицираат улиците и јавните површини

Покрај тековните активности, ЈКП „Комуналец“-Прилеп од раните утрински часови започна со реализација на препораките на Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство, кои се однесуваат на заштита на здравјето на граѓаните од КОВИД 19, односно корона вирусот.

„Од раните утрински часови, започнавме со дезинфекција на контејнерите од 1м3, мрежестите контејнери, како и просторот околу нив. Во текот на денешниот ден ќе извршиме комплетна дезинфекција на сите контејнери во градот. Исто така, извршивме перење и дезинфекција во Јавните комунални претпријатија од Прилеп интензивно ги чистат и дезинфицираат улиците и јавните површиницентралното градско подрачје, на плочниците, а се дезинфицира и урбаната опрема, како и перење и дезинфекција на Терминалот каде што се врши царинење на одредена стока“, изјави Даре Цветаноски, раководител на сектор во ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Во чистењето и дезинфекцијата на улиците, плочниците и урбаната опрема, со свои тимови се вклучија и ЈКП „Водовод и канализација“, како и Територијалната противпожарна единица од Прилеп.

Средствата за дезинфекција беа обезбедени и донирани од фирмата SMJ Clean Service од Битола, а ЈП за ПУП во соработка со компанијата „Конфи Ангел“ обезбедија скафандери за волонтерите, кои со помош на цистерна од ЈКП „Комуналец“ извршија чистење и дезинфекција на централното градско подрачје. Она што треба да се потенцира, е дека акцијата продолжува и наредните денови, кога ќе бидат дезинфицирани сите влезови во градот.

Почнувајќи од 5 часот наутро, активностите на јавните комунални претпријатија за темелно перење и дезинфекција на улиците, плоштадите и јавните површини, ќе продолжат и во текот на следните денови.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …