ЈКП „Водовод и канализација“ го одбележа Светскиот ден на водата

ЈКП „Водовод и канализација“ го одбележа Светскиот ден на водата

„Денеска е Светскиот ден на водата, ден кога треба да се акцентира важноста на овој природен ресурс за животот на луѓето, особено ако знаеме дека само 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Од тие причини, неопходно е економично да се стопанисува со истата“, изјави директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп, Емил Јанески, по повод Светскиот ден на водата, 22. Март.

Јанески потенцираше дека експертите на Обединетите нации предвидуваат дека до 2025 година, 2/3 од луѓето на планетата Земја ќе почуствуваат недостиг на вода за пиење, а истиот проблем до 2050 ќе го има целокупното население на Земјата. Тој напомена дека Општина Прилеп и ЈКП „Водовод и канализација“ континуирано работат на подобрување на условите за квалитетно водоснабдување на граѓаните.

ЈКП „Водовод и канализација“ го одбележа Светскиот ден на водата„Се врши промена на старата азбестна мрежа со нова полиетилентска, а во најскоро време јавното претпријатие ќе набави најсовремена опрема за намалување на губитоците на вода. Истовремено, апелирам до граѓаните водата за пиење да не ја користат за технички потреби, за наводнување и да не ја испуштаат непотребно. Треба да постои соработка помеѓу јавното комунално претпријатие и граѓаните на општина Прилеп, во насока на подобрување на услугите кои ги испорачува јавното претпријатие, а истовремено и разбирање од страна на граѓаните за работата на ‘Водовод и канализација’ и штедење на водата“, истакна првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.

Во насока на одбележување на Светскиот ден на водата, претставници на ЈКП „Водовод и канализација“ низ градот делеа флаери со едукативен карактер за потребата од штедење и правилно користење на водата, а со истата цел посетија и неколку училишта и градинки во Прилеп.

Во одбележувањето на Светскиот ден за заштита на водата, активно се вклучија и  учениците од прилепското ООУ „Кочо Рацин“, преку спроведување на акцијата „Штеди вода“.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …