Јованоски: Се покачуваат платите на здравствените работници, се подобруваат услугите кон пациентите

Јованоски: Се покачуваат платите на здравствените работници, се подобруваат услугите кон пациентите

Градоначалникот Илија Јованоски, денеска ја посети ЈЗУ Општа болница „Борка Талески’“ во Прилеп, при што присуствуваше на стручен колегиум, на кој директорот Драган Богоески ги образложи тековните активности, реконструкциите, реновирањата, новите вработувања, покачувањата на платите на медицинскиот и помошниот персонал, како и набавките на нови апарати и опрема, со кои е снабдена болницата.

“Навистина сум пријатно изненаден од се’ она што е набавено и направено за успешно работење на вработените,  докторите и  целокупниот медицински. Посебно ми е драго што се покачени платите на здравствените работници, почнувајќи од лекарите специјалисти,  медицинските сестри, помошниот персонал, општите лекари. Докторите специјалисти имаат најголемо зголемување на платите во изминатите две години, кое со најавените покачувања достигнува 40 отсто, околу 25 отсто се зголемуваат платите на општите доктори, за 20 до 23 отсто се зголемува платата на медицинските сестри, додека пак помошниот медицински персонал добива покачување од околу 15 отсто, а капитациониот бод кај матичните доктори е зголемен за околу 15%.

Јованоски: Се покачуваат платите на здравствените работници, се подобруваат услугите кон пациентитеВо овој момент треба да бидеме сите задоволни, зато што ќе се оствари ветувањето на Владата дека за наредната година секој специјалист би земал плата до 100.000 денари“, посочи градоначалникот Јованоски.

“Чест и задоволство ми е што денеска во посета на нашата болница е градоначалникот на Општина Прилеп, мојот колега доктор Илија Јованоски. Го запознав со работењето на болницата, условите кои во овој период ги овозможивме, набавката на нова опрема и апаратура, со која ќе се подобрат условите за работа и услугите кон пациентите. Во изминатите две години е набавена опрема во вкупен износ од околу 50.000.000 денари, и тоа според потребите и барањата на скоро сите одделенија. Во овој период со сопствени средства успеавме да извршиме одредени реконструкции во одредени просторни делови од болницата, кои од самото пуштање  на работа на болницата не биле реновирани. Се реновираше болничката аптека, лабораторијата, амбулантниот дел на болницата, а со тоа се подобрија условите за работа во тие простории. Воедно се врши и преадаптација на акушерското одделение“, посочи Драги Богојески, директор на Градската болница „Борка Талески“.

Јованоски: Се покачуваат платите на здравствените работници, се подобруваат услугите кон пациентите

Директорот Богоески истакна дека, иако во овој временски период имале потешкотии сепак успеале да вработат и млад докторски кадар, а добар дел од докторите се испратени на специјализација.

“Вработивме и млади доктори, дел од нив се на специјализација. Минатата година беа вработени 15 доктори и сите заминаа на специјализација, оваа година ќе се вработат нови 12“, истакна директорот Богојески.

Во тек се многу нови проекти во здравството, како и покачување на платите за 2020 година.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат (ВИДЕО)

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети …