Јованоски: За својата посветена и макотрпна работа, рударите го заслужуваат нашето признание

Јованоски: За својата посветена и макотрпна работа, рударите го заслужуваат нашето признание

Честитка од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски по повод Денот на рударите, 28 август:

Рударството отсекогаш била стопанска гранка која придонесувала за развој на целокупното стопанство, како во општина Прилеп, така и во целата држава. Со голема посветеност и макотрпна работа, рударите ја извршуваат една од најтешките професии, во услови каде често се изложени на големи ризици. Затоа, сите ние треба да им оддадеме признание за нивниот огромен труд и напор.
Нека е честит 28 август, Денот на рударите.
Среќно!

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …