Јубилеј: 18 години од формирањето на Здружението на резервни воени обврзници учесници во настаните од 2001-2002 година

Јубилеј: 18 години од формирањето на Здружението на резервни воени обврзници учесници во настаните од 2001-2002 година

Денеска се навршија 18 години од формирањето на Здружението на резервни воени обврзници учесници во настаните од 2001 – 2002 година. По тој повод, а во чест на загинатите бранители и починатите во постконфликтниот период, претставници на Здружението положија цвеќе во меморијалниот центар „Лениште“.

„Би сакал да истакнам дека и покрај сите прилики и неприлики, Здружението успешно функционира и работи во насока на исполнување на правата на бранителите учесници во воениот конфликт во 2001- 2002 година, како и на нивно подобрување и унапредување. Во ова време на пандемија активностите на Здружението се редуцирани, меѓутоа тоа не не’ спречува да ги извршуваме тековните и планираните активности. На сите членови на нашето Здружение им ја честитам 18-годишнината од неговото формирање. Истовремено, им посакувам во овие кризни времиња да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да останат во добро здравје и доколку ситуацијата побара напе повторно ангажирање, ние со нашата обученост и железна дисциплина, повторно ќе се ставиме на располагање на татковината“, изјави Рубин Секулоски, претседател на Здружението на резервни воени обврзници учесници во настаните од 2001 – 2002 година.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …