Кабинет на премиерот: Оставката на Заев е конечна и непроменлива

Кабинет на премиерот: Оставката на Заев е конечна и непроменлива

„Премиерот Зоран Заев нема намера да одолговлекува со поднесувањето оставка од државната и партиската функција. Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност и тој не остави никакви дилеми по тоа прашање“, велат од неговиот кабинет по бројните информации во медиумите дека е постигнат некаков договор тој да остане на функцијата до декември годинава.

Неофицијално, во опција е оставката да биде поднесена во петок, иако не е исклучено тоа да се случи неколку денови подоцна, бидејќи таа зависи исклучиво од финиширањето на разговорите и консултациите со коалициските партнери околу новиот мандатар и предлозите за состав на новиот владин кабинет.

„Неговата одлука да поднесе оставка од премиерската функција е конечна и непроменлива. За жал, тој не остави никакви дилеми по тоа прашање“, истакнуваат од кабинетот на Заев.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …