Кацарска: Собранието да избере нови уставни судии

Кацарска: Собранието да избере нови уставни судии

Собранието наскоро да избере четворица уставни судии, бара претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во писмо упатено до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Таа во писмото изразува загриженост за состојбата со намалениот број на судии и бара Џафери да го заложи својот авторитет за да се изберат судиите.

Кацарска, во писмото до Џафери информирам за ситуацијата во која се наоѓа Уставниот суд и неговото отежнато функционирање во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии.

„Ова има влијание при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина“, вели Кацарска во писмото до Џафери.

На уставниот судија Јосиф Јосифовски на 14 јануари му истече деветгодишниот мандат, а во јули минатата година им истече мандатот на судиите и поранешни претседатели на Уставниот суд Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, кои заминаа од Уставниот суд со навршени девет години мандат.

Нивните испразнети столчиња до сега требаше да бидат исполнети со нови судии на предлози од Собранието.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …