Кадетите на РК „Прилеп“ гости на градоначалникот Јованоски

Кадетите на РК „Прилеп“ гости на градоначалникот Јованоски

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет ги прими ракометарите на кадетската екипа на РК „Прилеп“, кои на завршниот фајнал фор одржан во Струга, ја освоија вицешапионската титула.

Јованоски потенцираше дека успехот на младите прилепски ракометари на тренерот Адријано Котевски е уште поголем, ако се има во предвид фактот дека нивните успеси имаат континуитет бидејќи минатата година кадетите на РК „Прилеп“ беа државни прваци.

Кадетите на РК „Прилеп“ гости на градоначалникот ЈованоскиГрадоначалникот се интересираше за плановите на ракометарите кои своето образование ќе го продолжат на факултетите во другите градови во државата, односно за можноста тие во иднина да настапуваат за сениорската екипа на РК „Прилеп“.

Исто така, градоначалникот Јованоски оствари подолг разговор со раководството на прилепскиот ракометен клуб, околу плановите за следната натпреварувачка сезона и стабилизирање на состојбите во клубот.

Во знак на благодарност за неговата поддршка, кадетите на РК „Прилеп“ на градоначалникот Јованоски му подарија дрес со неговото презиме.

 

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …