Каевски: Ниту еден обид за блокада на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочи реформите во образованието и дигитализација на наставниот процес

Каевски: Ниту еден обид за блокада на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочи реформите во образованието и дигитализација на наставниот процес

Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Откако им се случи фијаско на партиските протести, откако им пропадна нелегитимниот обид за собирање потписи, од ВМРО-ДПМНЕ повторно најавуваат нови обиди за референдум и блокада на реформите во образованието и дигитализација на наставниот процес.

Во нашата држава правото на покренување иницијатива за референдум е легитимно и уставно загарантирано, но ова е уште еден апсурден обид да се блокира реформа која е значајна за целокупниот образовен процес.

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е целосно во согласност со европските практики, но и со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат.

Со ова законско решение со кое се воведува етапна дигитализација на наставниот процес, ќе се обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно ќе се воведе и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Истовремено, ниту еден ученик нема да остане без печатен учебник кој ќе може да го добие доколку има потреба од него.

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, ги манипулираше наставниците и професорите, а нашите ученици беа со најслаби резултати на меѓународни тестирања.

Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени.

Ова е на директна штета на наставниците, на учениците и нивните родители, на штета на образованието во нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со деструктивното однесување, но треба да им биде јасно дека нема да успеат да ги закочат реформите во образованието, нема да го закочат напредокот на државата.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …