Како да ги продолжите студентските билети за бесплатен превоз во ЈСП за 2024?

Како да ги продолжите студентските билети за бесплатен превоз во ЈСП за 2024?

Единствено заверен, односно продолжен билет е валиден за бесплатно користење на јавен превоз за студентите

Студентите – корисници на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз потребно е да го продолжат истиот, односно да го заверат за 2024 година, доколку сакаат да користат јавен превоз и во текот на наредната година.

Билетите треба да ги продолжат студентите од втора и повисоките години, односно оние студенти чии билети имаат важност до 31 декември 2023 година. Ова не важи за бруцошите кои запишале прва година во учебната 2023/2024 и кои извадиле годишен студентски билет после октомври годинава, затоа што нивниот автоматски се продолжува до крајот на 2024-тата.

Продолжувањето на важноста на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот. Притоа, студентите треба да приложат индекс со запишан зимски семестар во учебната 2023/2024 година и потврда за редовен студент, не постара од еден месец. Вака информираа од ЈСП Скопје за Мета.мк. Потребно е студентот да носи и документ за лична идентификација.

Право на користење на студентски билет за бесплатен јавен превоз имаат сите редовни студенти на државните факултети во Град Скопје на додипломски студии, без ограничување на возраста.

Единствено заверен, односно продолжен билет е валиден за бесплатно користење на јавен превоз за студентите. При контрола во ЈСП, не се признаваат индекс, потврда за студент или друга документација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

изјава министерство за здравство

За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ

Целта е младите да се вакцинираат пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Се проценува …